Кога зборуваме за храна што е вкусна и хранлива, лососот секогаш е на врвот на листата.
Оваа риба е совршен избор за балансиран оброк, благодарение на неговиот микронутритивен состав, квалитетните протеини и богатството со омега 3 масни киселини.
Дали знаете? Лососот е еден од ретките природни извори на витамин Д, кој игра клучна улога во одржувањето на здрави коски и силен имунолошки систем.

Состојки (за 2 порции):
- 2 парчиња свежи филети од лосос (по 150 г)
- 1 лажица маслиново масло
- 1 лажица сок од лимон
- 1 лажичка свеж или сушен рузмарин
- сол и бибер по вкус
Начин на подговтовка:
Подгответе го овој вкусен оброк за само 12 минути
- Загрејте ја рерната на 200 C.
- Ставете го лососот во тава обложена со хартија за печење.
- Премачкајте го лососот со маслиново масло, посипете сок од лимон и зачинете со сол, бибер и рузманирин.
- Печете околу 12 минути, или додека рибата не стане сочна во средината.
Нутритивни вредности (по порција):
- Калории: ~ 250 kca
- Протеини: ~ 25 г
- Масти: ~15 г ( главно здрави масти)
- Јаглехидрати 0 г.
Лососот не само што е вкусен, туку и го поддржува здравјето на срцето, мозокот и кожата.
Овој рецепт е совршен за оние кои сакаат брзо и лесно да приготват хранлив оброк. Уживајте!

Leave a Reply