Овој протеински леб е совршен избор за сите кои сакаат здрава и хранлива алтернатива на традиционалниот леб.
Направен од овес, котиџ сирење(може и грчки јогурт), јајца и различни здрави семки, овој леб е богат со протеини, влакна и здрави масти.
Без додадени шеќери и вештачки состојки, ова е идеален избор за појадок, ужина или како додаток на вашиот оброк.

Состојки:
- 220 г. овес
- 180 г. котиџ сирење (може и грчки јогурт)
- 3 јајца
- 4 лажици ленено семе
- 4 лажици непечен сончоглед
- 4 лажици семки од тиква
- 1 лажичка прашок за пециво
- 1 лажичка сол
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 180 C.
- Измешајте овес, прашок за пециво и сол.
- Додајте котиџ сирење( или грчки јогурт) и јајцата, добро измешајте.
- Додајте ленено семе, сончоглед и семки од тиква и мешајте додека не добиете хомогена смеса.
- Префрелете во калап и печете 35-40 минути.
- Оставете го лебот да се излади пред да го исечете.
Нутритивни вредности по парче (ако го поделите на 10 парчиња):
Приближни калориски вредности по парче ( доколку лебот го поделите на 10 парчиња)
- Калории: ~ 216 kcal
- Протеини: ~ 9.8 г.
- Јаглехидрати: ~ 18.4 г.
- Масти: ~ 8.9 г.
Овој леб е одличен извор на здрави нутритивни состојки. Богат е со протеини и влакна кои помагаат во изградба на мускулна маса и подобрување на дигестијата.
Уживајте во здрава и вкусна алтернатива која ќе ги задоволи вашите нутритивни потреби.

Leave a Reply